Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во изјава за МРТ за средбата со неговиот бугарски колега Георг Георгиев, истакна дека разговарале за потребата од деблокирање на нашиот пат кон полноправно членство.
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на панел дискусијата Геостратегија и енергетска сигурност во рамки на Минхенската безбедносна конференција . Премиерот Мицкоски говореше за новите предизвици кои се исправаат пред НАТО, за плановите на Македонија во областа на енергетиката, како и за идните односи во Европа.
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, во чиј состав се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, учествува на 61. Минхенска безбедносна конференција.
Наместо „европеизација на Балканот, се случува „балканизација на Европа“, бидејќи некои балкански земји-членки ги донесоа балканските спорови и балканските вредности во Брисел наместо да е обратно, рече денеска на панел дискусијата „Геостратегија и енергетска сигурност“ премиерот Христијан Мицкоски во Минхен.