Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ ја посети oпштина Ѓорче Петров каде остварија средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински очекува до летово да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа и новите кандидати за градоначалници во ноември годинава да бидат избрани по новото законско решение со кое ќе биде предвидена можноста за референдумско отповикување на градоначалник, воведувањето на комунален надзор и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.
Измените на Законот за локална самоуправа треба да бидат донесени до претстојното лето, а новите одредби во него, меѓу кои главната е можноста за референдумско отповикување на градоначалник, ќе важи за оние што ќе бидат избрани на оваа функција на локалните избори кои треба да се одржат во октомври/ноември годинава рече министерот за локална самоуправа Златко Перински пред денешната консултативна средба во врска со измените на Законот.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе остане на функцијата до крајот на мандатот дури и да бидат изгласани измените на Законот за локална самоуправа пред почетокот на летото.