Во иницијативата е посочено дека оспорената одредба е во спротивност со Амандманот XXX од Уставот, членот 7 од Законот за Совет на јавни обвинители и членовите 36 и 62 од Законот за јавното обвинителство.
Подносителката наведува дека за времетрањето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат „позитивно оценет јавно-обвинителски стаж”. Nezavisen
Уставен ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на обвинителите во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители.
Уставниот суд денеска на седница ќе расправа по предметот во кој е оспорена одредба од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители, а се однесува на оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители. Kanal5
Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства, се наведува во иницијативата на обвинителката Ристоска.
Уставните судии, денеска ќе расправаат и по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик донесен на 7 март лани, а поднесена од неколкумина граѓански активисти меѓу кои и независни советници во скопски општини, како и по иницијативи за оценување на уставноста на закони и подзаконски акти од областа на сметководителството, служба во Армијата на Република Северна Македонија, вработување во јавни здравствени установи, урбанизам. Nezavisen