Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми“, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него. Sitel
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не е повикан во Обвинителството и во полиција ако е сигурен дека тој е во секојдневна комуникација со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство, кажа дека адресата за тоа прашање се двете спомнати институции.
Тоа не е моја работа, тоа е работа на Обвинителството и на Полицијата, но јас ги познавам одвнатре, гледам како функционираат и гледам дека уште се под негово влијание, кажа Меџити. Denesen
Го гледам, сè уште се во неговото влијание.
Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Kanal5
Вицепремиерот Изет Меџити денеска пред медиумите истакна дека опозициската ДУИ се уште е под влијание на сегавеќе бегалецот и екс вицепремиер Артан Груби. Mk