Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека не се водат преговори во однос на химната и грбот, но и дека нема ни табу теми, и се разговара за се што е во интерес на граѓаните и државата.
Првиот вицепремиер Изет Меџити во емисијата „Дијалог во Лајм“ рече дека темата за промена на државниот грб не била дел од договорот за владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не е приоритетна тема за Владата.
Првиот вицепремиер, Изет Меџити, ја обвини Демократската унија за интеграција дека се шегува со народот и со своите членови со најавениот ветинг, бидејќи според него, ваков процес не може да се спроведе внатре во партијата, како што најавува ДУИ, туку треба да се спроведе од независни државни институции.
Обвинителството и полицијата да кажат зошто не го повикале Ахмети кој точно знае каде е Груби, вели Меџити Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не е повикан во Обвинителството и во полиција ако е сигурен дека тој е во секојдневна комуникација со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство, кажа дека адресата за тоа прашање се двете спомнати институции.