„Изет Меџити подготвува робусна акција-најголеми партиски напад врз институциите досега со 3.000 нови партиски вработувања во државната администрација.
ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи, велат од СДСМ.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) го разоткрива големиот скандал што се случува во Министерството за животна средина, каде што по контрола спроведена од Инспекторатот за администрација е потврдена злоупотреба на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ.
Целосно се неточни и злобно конструирани со политичка заднина обвинувањата на ДУИ дека Државниот управен инспекторат утврдил злоупотреба на службената положба и одземал надлежности на министерот за животна средина Изет Меџити, соопшти Министерството за јавна администрација.