Во рамки на теренските посети на општините насловени „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и градоначалникот, Бобан Стефковски, извршија увид на започнатата реконструкција на Домот на Културата „11 Октомври“, лоциран во паркот во Ченто.
Ве известуваме дека 23.02.2025 година (недела) во 12:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во рамки на теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“ во организација на Министерството за локална самоуправа ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на Домот на култура „11 Октомври“ во Ченто, Општина Гази Баба, информираат вчера од прес службата на владата.