Во Собранието за денеска е закажана седница на Постојната анкетна комисија за слободите и правата на граѓаните, на која, според најавата од веб страницата на Собранието, треба да се одржи надзорната расправа за аерозагадувањето.
Надзорната расправа е закажана иако претходно претседателот на Собранието донесе одлука ваква надзорна расправа да се одржи во Комисијата за здравство затоа што не биле испочитувани процедураните правила во Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните. Civilmedia