Мислам дека треба да се концентрираме на темата која е важна затоа што се случија гласањата во Њујорк, за проектот за резолуција.
Постои навистина неопходност за излегување од конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста, империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет и јазик. Libertas
Францускиот амбасадор Кристоф Ле Лиголер денеска изјави дека за Париз и за целата ЕУ била неочекувано гласањето на Македонија во Обединетите нации за резолуцијата а Украина, кога нашата држава стана коспонзор на САД на документот во кој не се наведуваше дека Русија е агресор.
Според него, гласањето во ОН е важно, но денес има поважни работи – а тоа се територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста, империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед. Nezavisen