Нов закон за средно образование ќе има наскоро – објави министерката за образование и наука Весна Јаневска на нејзиниот фејсбук-профил откако денеска соопшти дека Предлог-законот за средното образование, кој требаше да биде на дневен ред во собраниската матична комисија, утрово е повлечен од собраниската процедура.
Законот за средното образование утринава е повлечен од собраниската процедура.
Министерството во моментов спроведува истражување во кое се вклучени сите државни универзитети и генерацијата дипломирани студенти во академската 2022/2023 година, за да видиме каков е степенот на вработливоста, односно дали овие студенти веќе се вработиле и за колку време по дипломирањето, дали стекнатите знаења и вештини им се применливи на работното место, дали се задоволни од приходите од работата, посочи денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Во буџетот за 2025 година значително ја зголемуваме финансиската поддршка за училиштата за реализација на активности насочени кон развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.