Премиерот Христијан Мицкоски повика да има што повеќе квалитетни Албанци во јавната администрација, но, рече, проблем денес е да се најдат такви, без разлика на нивната етничка припадност, што ќе работат за плата од 25 илјади.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратенички прашања во Собранието, давајќи одговор до каде е процедурата со Законот за правична застапеност, речедека новата власт моли работници да се јават на огласите, но дека никој не сака да работи за таа плата.