Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
5
0.00
11.32
0.68/0.00
5.00
1.52
0.30
482.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 5
8 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 98.4
Best clustering variants
8 0.99/0.01 2 98.4
Plusinfo

Тие, договарајќи се со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик“, соопшти ЈО. Обвинетите управители и сопственици на правните лица откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј, појаснува Обвинителството.

„На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорното правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив РПТ 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери, во вкупен износ од 397.636.400 денари(6,5 милиони евра)“, додава ЈО. Понатаму, се вели во соопштението, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, дел од обвинетите припадници на злосторничкото здружение и дел од останатите обвинети примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари (6,7 милиони евра). „Со обвинителниот акт Ооѓбвинителството му предложи на судот одземање на движни предмети (телефони, електронски и мемориски уреди) што биле употребени при извршување на кривичните дела, додека со посебен предлог се бара конфискација на парични средства и недвижен имот во сопственост на обвинетите и на трети лица. Plusinfo

16:40 h 27-Feb-2025
  • По речиси тримесечна истрага Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт за случајот „Адитив“ кој се однесува на криминал во државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), тежок 6,5 милиони евра.
  • ◉ ОЈО ГОКК: Поднесено е обвинение за случајот „Адитив“ – се гонат 31 лице и пет фирми
16:26 h
  • Поднесен е обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица за случајот „Адитив“.
  • Обвинение за „Адитив“ против 31 физичко лице и пет правни – Ковачевски се товари за несовесно работење
15:43 h
  • Врз основа на доказниот материјал прибран во текот на истражната постапка, предметните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесоа Обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица.
  • Поднесен обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица во предметот „Адитив“