Ако може да се расветлат убиства, може да се најдат и сторителите на опожарените возила како во Штип, така и во државата изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски, кој одговараше на новинарско прашање дали се расветлени случаите со запалени возила во Штип, меѓу кои и на поранешниот началник на Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип. Libertas
Штип ќе биде дел од втората фаза на проектот „Безбеден град“ истакна при денешната посета во рамките на караванот на МВР „Од вас, за вас“, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој одговараше на новинарско прашање, дали камерите кои ќе ги поставува општината низ градот, парковите, градинките и училиштата ќе се користат и од страна на МВР и ќе бидат дел од проектот „Безбеден град“.
Штип секако е вклучен во рамките на имплементацијата на проектот на Министерството за внатрешни работи, а секако една инвестиција во секоја Општина во делот на зголемување на степенот на безбедноста, самоиницијативно во рамките на своите буџети апсолутно ќе биде добредојдена. Novamakedonija
И во иднина сум сигурен дека со зголемување на овие капацитети, посоодветно ќе може да одговориме на сите предизвици.
Ако можеме да разбиеме, само во една акција, и да расветлиме 8 убиства, кои претходно не ги расветлиле 30 години, сметам дека ќе одговориме соодветно и на таквите прекршоци – изјави Тошковски. Plusinfo
Секако со подигањето на капацитетите на МВР во делот на видео надзорот кој го имплементираме и поддршката од страна на општините ќе го подигне степенот на безбедност.
И во иднина сум сигурен дека со зголемување на овие капацитети посоодветно ќе може да одговориме на сите предизвици. Libertas