Libertas
Веќе знам, од многу разговори со бугарските членови, дека многу бугарски политичари всушност разбираат дека вистинското прашање е за добри соседски односи, воспоставување на добра економска соработка, соработка во транспортот, безбедноста, но исто така и културната соработка.
Ситуацијата во Бугарија се уште е вжештена, тие имаа седум избори за три години, постојана изборна кампања, но сега се надевам дека имаме Влада што ќе може да служи дури и цел мандат, па се надевам дека има шанса да се вратиме на разум и на фактичката реалност дека всушност двете земји и сите земји профитираат од добри односи и дека тоа е за потребите на граѓаните, а тие не се за идентична интерпретација на историјата, туку за работни места, за приход, инфраструктура, функционални институции, за добри соседски односи и ова треба да го испорачаме. Libertas