Изземањето на судии се врши согласно законската процедура, а за секое исклучување и вклучување на судии од АКМИС постојат образложени одлуки.
Во записниците од Комисијата, објавени на веб страницата на Министерството за правда (pravda.gov.mk), како констатирани слабости се наведуваат недостигот на судии и административни службеници поради што се предлага Судскиот совет да изврши итен избор на судии со цел да се овозможи пополнетост на судовите. Kanal5
Судовите, исто така, не ги објавуваат редовно на веб страницата програмите за работа, годишните планови, распоредите и други акти со цел да се овозможи поголема транспарентност на работата на судот.
Од Министерството за правда денеска информираа дека се предложени мерки за решавање на овие проблеми и дека Комисијата ќе продолжи со следење на нивната реализација. бак/Фото: МИА архива . Извор: МИА. Biznisvesti