Претседателот на Синдикатот на УКИМ Ангел Ристов и ректорката на Скопскиот универзитет Биљана Ангелова се задоволни од соработката затоа што, како што двајцата истакнаа, тие се две страни на ист медал и работат во синергија.
Како што рече Ристов, забележителен е успехот од нивната одлична соработка и исто така нагласи дека Синдикатот има обврска и одговорност не само за заштитата на правата на вработените туку „и одговорност кон творењето, прогресот, унапредување на науката’. -А се во интерес на државата и, пред се, во интерес на нашите студенти – да имаме подобро, поквалитетно образование, а тоа го покажува поддршката од страна на Министерството со покачување на процентот на издвоени средства за наука. Novamakedonija
Токму затоа на оваа денешна конференција ќе дискутираме за бројните предизвици со кои се соочува високото образование, но ќе дадеме наши размислувања и предлози за подобрување и унапредување на регулативата со која се уредува високото образование, рече Ристов.
Ректорката на УКИМ Биљана Ангелова посочи дека работат во синергија со синдикатот, а таа спрега, како што рече, е многу важна затоа што „синдикатот помага не само во остварување на работничките права на професорите и на сите вработени на универзитетот, туку и за многу други прашања коишто го тангираат високото образование“. Biznisvesti
Ваквиот став го делат првите луѓе на Синдикатот, МОН и Ректоратот и тоа го соопштија на денешната конференција насловена „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ која ја организираше Сојузот на синдикати на УКИМ по повод пет години од неговото основање.
Без оглед дали понекогаш има меѓу нас недоразбирање или различни мислења, целта е иста и таа заеднички треба да ја постигнуваме, а тоа е покачување на квалитетот на високото образование односно одлепување од дното на резултатите на ПИСА и ТИМСС, на пример, и покачување на Шангајската листа на нашите универзитети, во овој случај на УКИМ. Kanal5
Синдикатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје е партнер на Министерството за образование и на Ректоратот не само во процесот на остварување на правата на вработените на Скопскиот универзитет туку и во грижата и залагањето за поквалитетно високо образование и унапредување на научните истражувања.
Ваквиот став го делат првите луѓе на Синдикатот, МОН и Ректоратот и тоа го соопштија на денешната конференција насловена „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ која ја организираше Сојузот на синдикати на УКИМ по повод пет години од неговото основање. Nezavisen
Без оглед дали понекогаш има меѓу нас недоразбирање или различни мислења, целта е иста и таа заеднички треба да ја постигнуваме, а тоа е покачување на квалитетот на високото образование односно одлепување од дното на резултатите на ПИСА и ТИМСС, на пример, и покачување на Шангајската листа на нашите универзитети, во овој случај на УКИМ.
Синдикатот не треба да се грижи само за правата на работниците, туку, бидејќи станува збор за синдикат на професори, има одговорност за унапредување на образовниот процес и постигнување повисок квалитет. Nezavisen