Бројот на слободни работни места во четвртиот квартал лани изнесува 9 562, а најголем број, 2 149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници, објави денеска Државниот завод за статистика. Biznisvesti
Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.
Како што објави ДЗС, во четвртиот квартал лани стапката на слободни работни места изнесува 1,93 проценти. Kanal5