Дополнително зголемување на минималната плата за 6.000 денари, бара Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Ваквиот предлог денеска ќе биде доставен до Владата, Организацијата на работодавачите и пратениците, а ќе значи, како што беше речено на прес-конференција, дополнително зголемување на сите останати плати на работниците во земјава.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во текот на денов ќе провери што се случува во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и доколку навистина се утврди дека вработените таму не земале плата еден или два месеца, ќе поднесе соодветни пријави.