Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот 80 години од постоење на Црвениот крст на Република Македонија, на која покровител годинава беше претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Netpress
Во рамки на свеченоста, на раководните луѓе во локалните самоуправи на Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево им беа доделени признанија за придонесот во развивањето и јакнењето на хуманоста.
На одбележувањето на јубилејот во Кочани, беа преставени и успешни приказни на волонтери, активисти и корисници на услугите на Црвен крст. Kanal5