Утрово е најстудено во Берово, -7 степени, а максимален еден степен е измерен во Виница.
Како што информира УХМР, -5 степени е во Битола, -4 во Маврови Анови, -3 во Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -2 во Претор, Штип и Гевгелија, -1 во Крива Паланка, Велес, Кавадарци и Попова Шапка, како и 0 степени во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Куманово и Крушево.