Центарот користи напредни алатки и автоматизирани процеси за брза реакција на безбедносни инциденти, што е одличен пример за ефикасно управување со јавната безбедност и превенција на криминалот, наппиша Тошковски.
Во рамки на посетата, министерот Тошковски остварил средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел, генерален директор во израелското Министерство за национална безбедност, со кого разговарал за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и размената на добри практики во борбата против тероризмот и организираниот криминал. Biznisvesti
Тошковски во посета на израелската компанија Elbit Systems, средба и со првиот човек на израелската полиција, Рафаел Енгел.
На покана на израелската компанија Elbit Systems, која е наш долгогодишен партнер во унапредувањето на техничките системи и безбедносните капацитети на Министерството за внатрешни работи, особено во рамки на проектот „Безбеден град“, деновиве престојувам во Израел, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на неговиот фејсбук профил. Kanal5
На средбата беше истакнато дека Македонија и Израел се две пријателски земји со заедничка посветеност на безбедноста и стабилноста, кои преку размена на знаење, искуства и технолошки решенија можат уште повеќе да ги унапредат своите безбедносни капацитети.
Справувањето со терористичките закани и јакнењето на меѓународната соработка беа меѓу клучните теми на разговор, со акцент на потребата за превентивни стратегии и современи технолошки решенија кои обезбедуваат брза и ефикасна реакција во заштитата на граѓаните, објави министерот за вантрешни работи на ФБ и додаде дека оваа посета претставува уште еден чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Израел во доменот на безбедноста, како и доказ за нашата заложба за модернизација на безбедносните структури преку соработка со светски лидери во оваа област. Kanal5