Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „500“ на потегот од број 24 до број 45 во село Марино, општина Илинден. Press24