Согласно Одлуката за планови за итни мерки кај животните, а во врска со Законот за ветеринарно здравство, како раководител на Националниот центар за контрола на болеста, за исклучително важна за нас како држава и институција ја оценувам можноста за соработка на меѓународните и домашните експерти за справување со болеста африканска чума кај свињите, болест со која и ние како држава и институција бевме исправени пред предизвикот да се справуваме.
Од голема важност е и можноста за спроведување на обука за справување со оваа болест, во рамки на оваа симулациска вежба, која се одржува во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и во соработка со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – (FAO). Токму овие два дена ќе бидат основа за тоа како треба да се дефинираат и реализираат идните постапувања при евентуална итна кризна или вонредна состојба при појава на болеста, која го загрозува здравјето или благосостојбата на животните и претставува закана не само за питомата, туку и за дивата популација свињи, за што бевме сведоци во минатото, рече на денешното отворање на симулациската вежба во Велес директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Оливер Миланов. Biznisvesti
Каква е подготвеноста и ефективноста на системот за справување со болеста африканска чума кај свињите при евентуална нејзина појава, но и кои мерки треба да се преземат за негово подобрување, се дел од прашањата на кои во рамки на симулациската вежба за болеста африканска чума кај свињите, денеска и утре во Велес и во Башино село, одговори ќе бараат експерти од Европската унија и од Македонија, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и од други институции и невладини здруженија и федерации.
Согласно Одлуката за планови за итни мерки кај животните, а во врска со Законот за ветеринарно здравство, како раководител на Националниот центар за контрола на болеста, за исклучително важна за нас како држава и институција ја оценувам можноста за соработка на меѓународните и домашните експерти за справување со болеста африканска чума кај свињите, болест со која и ние како држава и институција бевме исправени пред предизвикот да се справуваме. Kanal5
Агенцијата за храна и ветеринарство почна симулациската вежба за справување со болеста африканска чума кај свињите во Башино село кај Велес.
Каква е подготвеноста и ефективноста на системот за справување со болеста африканска чума кај свињите при евентуална нејзина појава, но и кои мерки треба да се преземат за негово подобрување, се дел од прашањата на кои во рамки на симулациската вежба за болеста африканска чума кај свињите, денеска и утре во Велес и во Башино село, одговори ќе бараат експерти од Европската унија и од Македонија, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и од други институции и невладини здруженија и федерации. Plusinfo
Целта на симулациската вежба, се посочува во соопштението, е утврдување на добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста африканска чума кај свињите.
На вежбата ќе учествуваат претставници од АХВ, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија, претставник oд Секторот за шумарство и ловство при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, од здруженијата на одгледувачи на свињи и претставник од Ловечка федерација на Македонија. Press24
Целта на вежбата, истакна тој, е да се спроведат мерките и процедурите во случај на појава на сомнеж, или потврда на болеста, активности кои треба да ги реализираат, одгледувачите, институциите и операторите, а кои ќе значат тестирање на функционирањето и поставеноста на Националниот центар и на локалните центри за контрола на болести.
Активностите кои ќе се спроведат во рамки на симулациската вежба се однесуваат и на собирање на податоци и нивна анализа и следствено на тоа, донесување на правни акти со цел регулирање на постапките од страна на официјалните ветеринари за понатамошно функционирање, рече Миланов. Biznisvesti