Во договор со градоначалникот и општината, договоривме надзорот да го превземе општината и веќе наредната недела ќе имаме и надзор и ќе можеме официјално да ја продолжиме изградбата на овој базен во Битола, нешто што многу ги интересира битолчани, а беше пред 4 години почнато и ветено, дојде редот ние да го завршиме да го надминеме застојот кој беше изминатите години, но најважно од се е дека од страна на оваа Влада и градоначалникот на Битола, најдовме заеднички јазик, има волја и желба да го завршиме и конечно сите оние базени кои што се почнати, а не се завршени, до крајот на летото ќе ги ставиме во употреба, од што краен бенефит ќе имаат и граѓаните на Битола и граѓаните во сите градови каде што се започнати“, рече министерот за спорт, Борко Ристовски. Biznisvesti