Рано утринава во 04 часот и 13 минути Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валадово, на 125 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.6. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и Струмица, како и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Skopjeinfo