Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека најавите на премиерот дека со партиски протести наводно ќе се бори против партизираното судство се оксиморон и доказ дека целта е само партизација односно ставање на судството под капа на власта.
Свесни сме дека судството со години наназад предизвикува незадоволство поради спори постапки и сомнеж за големо политичко влијание.
Заканите на премиерот Христијан Мицкоски дека на судството ќе му се случи народ е порака дека тој признава судство само по своја мерка и не сака ниту подобро, ниту независно судство.
СДСМ јавно прашува: До кога Јавното обвинителство ќе молчи за тендерските шеми и скандали на ДПМНЕ?