Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во акцијата учествуваше и спасувачкиот хеликоптер со специјален тим од САЕ „Тигар“ кој пристигна на брегот на езерото, подготвен за итна интервенција.
Двете лица кои беа заглавени во Мавровското Езеро се успешно извлечени, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.