Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција апелираше до истражните органи редовно да известуваат за тоа што точно се прави за да се спречат шпекулации.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани.
„Ова е трагедија која ја потресе целата земја, остава трага која никогаш нема да се избрише“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче по големата трагедија во Кочани каде што во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица.