Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 отсто во споредба со претходната пресметка. Skopjeinfo
ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 74,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 76,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,916 денари за килограм се намамува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,345 денари. Nezavisen
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,592 отсто и кај мазутот за 0,172 отсто, додека кај дизелот има намалување за 1,513, а кај екстра лесното масло за 1,550 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 2,5506 отсто. Press24