Во повеќе градови низ државава синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотека „Пулс“ во Кочани.
Граѓаните изразија сочувство и поддршка кон семејствата на загинатите и повредените, барајќи одговорност од институциите.
Неколку стотини млади луѓе и граѓани на Крива Паланка се собраа пред општината, палејќи свеќи и молејќи се за повредените, а собир имаше и на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид каде што младите изразија загриженост за безбедноста во ноќните клубови и дискотеките.
Штипјани со транспарентот „Доста е“ на кој беа испишани имињата на загинатите, се собраа на Градскиот плоштад „Слобода“ и во поворка одеа низ улиците на градот, изразувајќи почит кон жртвите, Додека, кумановци, се собраа на градскиот плоштад, палејќи свеќи пред фотографиите на починатите и извикувајќи „Правда за Кочани“. Novamakedonija
Собири во повеќе градови во спомен на жртвите од пожарот во Кочани, истрагата проширена на повеќе лица Во повеќе градови низ државава синоќа се одржаа собири во спомен на жртвите од трагичниот пожар во дискотека „Пулс“ во Кочани. Kanal5
Претреси, рече тој, се извршени на две лица вработени во Министерство за економија, при што се одземени техничка опрема, документација, оружје, муниција, а денеска се извршени спретреси и на службени простории кои се користат од државен советник во рамки на Министерство за економија.
Претреси, исто така, се извршени и кај управителот и одговорното лице на дискотеката, а денеска полициски службеници од одделот за крим-полиција и организиран криминал влегоа и во општината, каде, како што нагласи Тошковски, се преземаат мерки и активности за обезбедување на документација поврзана со дискотеката. Novamakedonija
Меѓутоа не значи дека ќе биде избрзано.
Мора да се соберат сите докази по легален пат, мора доказите да си имаат доказно својство, односно да бидат на законит начин прибавени, што значи дека обвинителскиот тим постапува многу претпазливо, и многу внимателно, рече Коцевски во гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител. Libertas
Тој информираше и дека се идентификувани и е завршена обдукцијата на сите 59 починати лица.
При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца, додавајќи дека во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 се транспортирани во странство и тоа Србија, Бугарија, Турција, Грција, Австрија, Литванија, Словенија, Унгарија и Хрватска. Novamakedonija
Коцевски дополни дека местото на настанот е сѐ уште обезбедено, и доколку има потреба ќе се врши и натаму прибирање докази.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на вчерашната прес-конференција во МВР нагласи дека максимално се посветени на овој случај и дека се преземаат чекори во насока на негово разрешување, посочувајќи дека се вршат претреси и сослушувања и дека клучното кое што го преземаат како дејствие „е утврдување на конкретни дејствија на вината без оглед дали станува збор за сторување или за несторување“. Novamakedonija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Тој ги сподели последните информации за постапката, според кои мерка краткотраен притвор досега е побарано за 16 лица.
За разлика од вчерашниот ден кога имаше 14 лица, а во моментов има 16 лица со тоа што уште едно лице во моментов чека во зградата на Јавното обвинителство, по барање на ЈО од страна на судот да се определи мерка 48 часовен притвор. Novamakedonija
Мора да се соберат сите докази по легален пат, мора доказите да си имаат доказно својство, односно да бидат на законит начин прибавени, што значи дека обвинителскиот тим постапува многу претпазливо, и многу внимателно – рече Коцевски во гостување на телевизија Сител.
Коцевски нагласи дека се работи за навистина многу тежок, комплициран предмет каде што има многу жртви и посочи дека ќе се утврдуваат сите факти и околности во однос на причините за несреќата. Novamakedonija
За разлика од вчерашниот ден кога имаше 14 лица, а во моментов има 16 лица со тоа што уште едно лице во моментов чека во зградата на Јавното обвинителство, по барање на ЈО од страна на судот да се определи мерка 48 часовен притвор.
Тоа што можам да кажам е дека има уште три лица кои се хоспитализирани, меѓутоа по нив не може сега да се постапува имајќи предвид дека се во болница, со тоа што едното е надвор од државата, а другите две лица се тука во државата, кажа Коцевски, додавајќи дека кога медицинскиот персонал ќе каже дека ќе може со нив да се изврши разговор – тогаш јавниот обвинител ќе постапи. Novamakedonija
Граѓаните на Струмица се собраа на Градскиот плоштад, палејќи свеќи и потпишувајќи се во книгата на жалост.
Младите испратија порака до институциите да функционираат без корупција. Novamakedonija
Во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржаа два собири.
Првиот, под мотото „Слобода за нашите херои“, каде се бараше ослободување на притворените лица од обезбедувањето, а вториот собир, предводен од митрополитот брегалнички Иларион, беше посветен на молитва за спокој на душите на загинатите и побрзо оздравување на повредените. Novamakedonija
Во меѓувреме истрагата за несреќата продолжува, при што за случајот досега се приведени 18, а задржани 16 лица. Libertas
Досега, на 11 лица им е одредена мерка притвор за постоење на основано сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“, додека, на три лица име одреден притвор за „несовесно работење“.
Тошковски, исто така, информира дека последното задржано лице се товари за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб. Novamakedonija
Ветив и ќе останам на тоа ветување дека истрагата ќе биде брза и ефикасна.
Меѓутоа не значи дека ќе биде избрзано. Novamakedonija
Погребите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе бидат в четврток, 20 март, соопшти вчера директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион.
На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и повеќе владици од Синодот. Press24
Тошковски, исто така, информира дека последното задржано лице се товари за „тешки дела против општата сигурност“ во врска со предизвикување на општа опасност, а истото е потписник на еден од потребните документи за ставање во функција на еден кабаре клуб.
Поради трагедијата во дискотеката во Кочани министерот одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани, заради, како што кажа, да има целосно независна и ефикасна истрага. Novamakedonija
При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца, додавајќи дека во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 се транспортирани во странство и тоа Србија, Бугарија, Турција, Грција, Австрија, Литванија, Словенија, Унгарија и Хрватска.
Погребите на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе бидат в четврток, 20 март, соопшти вчера директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион. Press24
Mинистерот Панче Тошковски по несреќата во Кочани донесе одлуки за повеќе разрешувања, објави порталот Курир.
Министерсвото за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.
Поради несреќата во дискотеката во Кочани, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, донесе одлука за ослободување од должност на раководители, заменици и команданти во Штип и Кочани, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
За случајот со пожарот во дискотеката во Кочани досега приведени се 18, а задржани се 16 лица.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани.
Кога јавноста ќе види за какви суми се издавани документи и на каков начин се легализирале незаконски постапки, што се косат со сите можни правила и прописи за работење на еден кабаре клуб или дискотека, ќе остане згрозена – изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на Сител.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани настанал од употреба на пиротехнички средства прскалки, кој ги донел член на групата ДНК кој е меѓу починатите, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.
Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска изјави дека обдукцијата е завршена, а сите починати лица се идентификувани.
Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката.
Во тек се рочишта за определување притвори за лицата осомничени за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани, информираат изутринава од Јавното обвинителство.