„Како Влада будно ја следиме состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Kajgana
Се разбира, сакам и лично, но и од името на Владата на секој граѓанин, на секој поединец, особено на волонтерите од Црвен крст и сите останати да се заблагодарам за несебичната помош и поддршка која ја даваат во овие најтешки денови“, вели Марија Митева портпарол на Владата на денешната прес-конференција.
Митева посочи дека во делот на транспорт и сместување на семејствата на повредените кои се лекуваат во други земји се информирани од страна на Црвениот крст дека за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци, но како што рече таа ова е еднократна парична помош, и во иднина екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата се во контакт со семејствата и ќе се обезбеди целосно покривање на трошоците за сместување. Skopjeinfo
Како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна затоа што ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна, рече Митева.
Посочи дека и во делот на транспортот и сместувањето на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство е одговорност на Владата која како што рече Митева ќе биде реализирана. Press24
Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив, изјави портпаролката на Владата.
Таа повика на покажување солидарност без шпекулации кои можат наштетат на семејствата на пациентите. Press24