Согласно Законот за домување и Правилникот за нормите и стандардите за домување во станбените згради, како што истакнува Градоначалникот Бобан Стефковски, испратено е писмено известување до управителите и претседателите на Заедница на сопственици на станбени згради дека е потребно на видно место (во влезот во ходникот на приземјето на станбената зграда) да се истакне упатство за постапување во случај на природни или други несреќи (план за евакуација), да се изврши набавка и проверка на заедничките инсталации и уреди во станбената зграда (ППЗ апарати, хидранти, лифтови и др.) и доколку се утврди дека не се во функција да се пристапи кон нивна замена, како и да се изврши проверка во заедничките делови на станбената зграда дали се чуваат предмети или материјали кои можат да предизвикаат зараза, пожар или друга несреќа и доколку се чуваат да се пристапи кон нивно отстранување. Press24