На сопствениците на угостителски објекти ќе им биде даден временски рок за да ги отстранат недостатоците или да го прилагодат објектот, изјави премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за мораториумот.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата.
Ќе биде воведен мораториум за угостителските објекти да ги отстранат неправилностите при вршење на дејноста.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата во Радовиш на новинарско прашање рече дека ја разбира потребата од протести, по трагедијата со 59 мртви во Кочани, но дека во позадина, како што рече, тие криеле „политички глодари“.