Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој спаси 20 млади од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, денеска се врати на училиште по поминати неколку дена на Токсикологија.
Храброто срце од Виница кое влета во оган спасувајќи 20 млади животи од сигурна смрт е добро и повторно на нозе.
Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома, извести министерот за здравство, Арбен Таравари.