Дарко Стојанов, еден од тешко повредените лица во катастрофалниот пожарот во Кочани, кој беше на лекувње во соседна Србија и кој е првиот што се врати од лекување во странство, се огласи на социјалните мрежи откако се врати во Македонија.
Стојанов му се заблагодари на целиот македонски народ, за како што вели, солидарноста и емпатијата која ја добива, уште поголема благодарност искажа кон медицинскиот пресонал, како за докторите во Македонија, особено оние на КАРИЛ, така и до докторите во соседна Србија, и истакнува дека благодарение на нив денес е жив.