На Донаторската вечер со телефонски јавувања на ТВ Канал за помош на настраданите во трагедијата во Кочани, гостуваше претседателот на Собранието Африм Гаши, кој од студиото упати пораки за обединување, нагласувајќи дека „тагата и болката сите нѐ боли“ и дека треба „да сочувствуваме и да се солидаризираме“. Libertas
Во врска со реакции во јавноста зошто Собранието, покрај минатата, не работи и оваа седмица, Гаши одговори дека Собранието работело и претходната и оваа недела, но немало пленарни и комисиски седници во знак на почит.
Тоа, рече, било договорено на координација т.е. на состанок на координаторите на пратеничките групи. Libertas