Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми – вели премиерот Христијан Мицкоски за најавите на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче дека ќе упати повик за лидерска средба во Собранието.
Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, рече денеска претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и министер за здравство, Арбен Таравари во врска со предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.