Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, вели Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, а во врска со предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.
Владата и премиерот Мицкоски се отворени за секаков предлог и иницијатива која ќе биде од помош- ова е одговорот оттаму по најавата на опозицискиот лидер Венко Филипче дека ќе побара лидерска средба меѓу најголемите партии по трагедијата во Кочани.
Парламентарните партии ќе ја чекаат официјалната покана од лидерот на СДСМ Венко Филипче па потоа ќе се изјаснат дали ќе учествуваат на средба, додека ДУИ условува со поддршка за формирање на Комисија со меѓународни набљудувачи за истрагата за пожарот во Кочани.