ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата.
На Трпе Деановски од УПОЗ и Трендафилов од ССМ, не им е грижа за работниците, туку за милионските суми кои ги земаат од граѓаните во вид на плата и додатоци.
Според информациите кои до нас пристигнаа од свиркачи од ССМ, Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и другите функционери во ССМ го претвориле овој некогашен голем синдикат во своја приватна банка, рече на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.