Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука. Fokus
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,95 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,705 денари. Novamakedonija
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381 отсто, кај дизелот за 1,884, кај екстра лесното масло за 1,987 и кај мазутот за околу 2,396 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7218 отсто. Libertas