Не се откажуваме од нашето барање за зголемување на минималецот за 6000 денари и на сите плати, со субвенционирани или пак, како што сметаат повеќето работодавци, со замрзнати придонеси, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов при денешниот престој во Прилеп каде Синдикатот им даде поддршка на вработените во Терминалот кои денеска протестираа.
Сојузот на синдикати на Македонија ја почна јавната седница на највисоките тела пред Собранието каде упати порака до пратениците да донесат одлука за зголемување на минималната плата на 500 евра.
Платата моја, на Слободан, е 60.000 денари, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
Членовите на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонија пред Владата побараа повлекување на одлуката за зголемување на минималната плата за 1.800 денари и намалување на платите на избраните и именуваните лица на ниво на минимална плата.