Јас ќе говорам врз основа на факти врз основа на истрагата без да манипулирам никого особено не македонската јавноста.
Факт број еден – знаете колку кривични пријави поднесе МВР и против колку луѓе за трагичната несреќа во Тетово за Модуларната болница – 0, знаете против колку луѓе поднесоа кривични пријави – против 0, знаете колку кривични пријави се поднесени за трагичната несреќа во која загинаа 45 луѓе во Бугарија во ваше време – 0, знаете колку кривични пријави има за Ласкарци 0. МВР во овој предмет (Кочани) досега процесуираше две кривични пријави против 34 физички лица од кои 31 во моментов се во притвор каде што има членови на СДСМ, на ВМРО- ДПМНЕ, на ДУИ и ниеден од нив не е во оваа постапка заради тоа што е член или не е член на одредена партија заради тоа што Министерството и во соработка со ЈОРМ односно спровело наредба каква што дало ЈО туку заради тоа што досега до овој момент се обезбедени докази за степен на основи на сомнение врз основа на коишто може да се процесуира кривична пријава. Novamakedonija
Дојде време кога секој што се огрешил да одговара без разлика дали е градоначалник од ВМР, дали е градоналник од СДСМ без разлика дали е министер од ДУИ, што во ваше време беше незамисливо.
Не можевте во очи да ги гледате, а не по случајно за нив процес да се води – рече Тошковски Во однос на случајот со членот на обезбедувањето на Мицкоски, министерот рече дека за прв пат има процесна постапка, сега во фаза на основи на сомнение, иако е фатен на дело, за што Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава. Novamakedonija
Тошковски, кој одговараше на прашања поврзани со пожарот во Кочани, рече дека истрагата е во тек, и оти допрва ќе се знае колку лица ќе бидат опфатени од процесните дејствија од обвинителството и МВР.
Пратениците Миле Талевски од СДСМ и Блерим Беџети од ДУИ поставија неколку прашања поврзани со истрагата за пожарот во Кочани обвинувајќи за селективност, меѓу другото и одговорните во ОВР Кочани и СВР Штип кои вечерта биле на работа не се опфатени со истрагата. Novamakedonija