Според прогнозите, како што се наведува во соопштението, можни се и краткотрајни врнежи со умерен интензитет кои можат да доведат до брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во западниот дел на земјата, односно на малите реки и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина и од планината Јакупица (масивот Солунска Глава). Од ЦУК велат дека се можни пообилни врнежи во делови од градските средини, како Тетово и западниот дел на Скопје, а во источниот дел на земјата во текот на денешниот ден не се очекуваат поголеми зголемувања на водостоите. Biznisvesti