Со минута молк во знак на почит кон настраданите во трагедијата во кочанската дискотека “Пулс”, во која бројот на жртвите денеска се зголеми на 60, започна денешниот состанок на стручниот колегиум на Јавното обвинителство во проширен состав. Mk
Стручниот колегиум на Јавното обвинителство изрази целосна поддршка за досегашната работа на обвинителите, кои во моментов паралелно водат истражна и предистражна постапка од широк опсег со цел целосно испитување на одговорноста за овој настан.
Сите капацитети на Јавното обвинителство се ставени на располагање на тимот за ефикасно завршување на истрагата. Sitel