Без вода ќе бидат корисниците од улицата Ванчо Мицков.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, утре од 08:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Кумановска во населбата 11-ти Октомври, а од 08:30 до 14 часот, корисниците од дел од населбата Момин Поток , поточно објектите во околината на зградата на „Мотоцентар“. Plusinfo
Од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Добридол, место викано Садиње, поточно после Домот за стари лица кај Панорама.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека поради санирање појавен дефект на водоводна мрежа со пречник Ф-1 цол на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 18, од 09:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Nezavisen