Осумнаесет прекршоци за неисправност и непочитување на правилата за пловење изрече Капетанија на пристаништа, по засилените контроли во Охридското Езеро, информираат од Капетанија на пристаништата, соопшти Министерството за транспорт. Press24
“Направени се три редовни надзори на бродови, четири вонредни надзори на катамарани, два вонредни надзори на пасари со надградба-тоа се бродови до 12 патници, како и 19 вонредни надзори на кајчиња.
Од извршените вкупни надзори констатирани се 18 прекршоци на чамци и тоа за ноќно пловење, непоседување уверение за управувач на чамец, неистакната регистарска ознака и еден катамаран е казнет за претовар на патници. Mk