Во ревизијата се дадени препораки за подобрување на состојбите во делот на правната и програмска рамка на системот за инвестирање во детските градинки.
Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во периодот од 2020 до 2024 година се изградени седум детски градинки за кои се исплатени средства во вкупна вредност од 263,89 милиони денари или 4,3 милиони евра, од различни извори, а до периодот на известување од ревизијата не се пуштени во употреба поради необезбедени согласности од Министерството за финансии за вработување на потребниот кадар и не создадени услови за издавање на решение за вршење на дејноста.