Работниците во Македонија немаат толку голем проблем со Владата, колку што имаат со останатите синдикати.
Единствено Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги истакна барањата на работниците, вклучително растот на минималната плата, растот на сите останати плати, како и почитувањето на општиот колективен договор за јавниот сектор и потребата од зголемување на платите во јавниот сектор за 12,6 проценти, изјави Трендафилов. Mk
Наспроти него, претседателот на КСС Благоја Ралповски, оцени дека тоа што го бара ССМ е популизам, истакнувајќи дека со покачувањето на минималната плата на 30.000 денари ќе бидат опфатени само дел од вработените во државата.
Според Трендафилов, единствено ССМ на денешниот состанок ги истакнал барањата на работниците. A1on
Владата е подготвена до средината на следниот месец да бидат потпишани колективните договори со кои ќе се овозможи етапна исплата на додаток на плата од 30 проценти за вработените во државната управа, освен правосудството.
Тоа, како што изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деановски, го соопштил премиерот Христијан Мицкоски денеска на средбата во Владата со претставниците на синдикатите. Press24
Зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори биле во фокусот на денешниот состанок на синдикатите и Владата. Sitel
На протестите во јануари учествуваа членови во УПОЗ од министерствата за животна средина и просторно планирање, за дигитална трансформација, за шумарство и водостопанство, за правда, за култура и туризам, за економија и труд, и за транспорт, како и од Државниот завод за статистика и Државниот архив.
Во фокусот на денешниот состанок во Владата беа зголемувањето на минималната плата и примената на колективните договори, за кои теми претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати по средбата излегоа со меѓусебни обвинувања и спротивставени барања. Libertas
Засега нема инофрмации кои други синдикати се повикани да учествуваат на состанокот, а во поканата не се наведени темите за разговор.
На 2 април ССМ излезе на протест. Telma