Ова е предизвик, но и огромна можност за вашата земјa“, нагласи Халдерсдотир.
Во пресрет на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин и на големиот настан „100 дена до ЕМОФ“, кој ќе се одржи во Ист Гејт Мол на 12 април (сабота). Оваа манифестација дополнително ќе пружи поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани, а спортско-забавниот дел ќе вклучи турнири во 3х3 баскет и богата интерактивна програма. Ekipa
На семинарот отрганизиран од Македонскиот олимписки комитет европските делегации имаа можност да се запознаат со организациските аспекти, спортските и логистичките капацитети, како и со градовите-домаќини на ЕМОФ 2025.
Министерот Ристовски во обраќањето пред присутните во име на Владата и на Министерството за спорт најави дека Македонија ќе биде добар домаќин на младите европски спортисти и изрази поддршка за Македонскиот олимписки комитет во организацијата на овој голем спортски настан. Gol
Во рамките на подготовките за Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, што ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје и Куманово, денеска во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје официјално беше отворен Chefs de Mission семинарот, што ќе се одржува на 9 и 10 април, и на кој присуствуват делегации од 49 европски олимписки комитети. Ekipa