Коалицијата ВРЕДИ има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски, кој неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања.
Арбен Таравари за една недела треба да реши дали е со Вреди или не. Ние сакаме да ја имаме Алијанса за Албанците (партијата на Таравари) како дел од Вреди, но сакаме Алијанса во која нема ДУИ како опција, рече за ТВ Алсат Изет Меџити, претседателот на Демократското движење, партија која е дел од Коалицијата Вреди составена од четири партии.
СООПШТЕНИЕ НА ДУИ Изјавите дадени вчера од Изеет Меџити, еден од раководителите на една мала партија во рамки на владината коалиција, се шокантни и длабоко вознемирувачки за секој граѓанин кој верува во правната држава.